ВИДЕО: Чудесен пресврт на Индијана за „брејк“ во финалето со Њујорк

Индијана поведе против Њујорк во финалната серија во Источната конференција на НБА, откако по продолжение го доби првиот натпревар на гостински терен со 135-138. Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 125-125.

Никси водеа со 15 поени на помалку од три минути до крајот на регуларното време и со девет поени на 58 секунди до крајот, но Индијана успеа да се врати. Прво избори продолжение, а потоа предводена од Арон Насмит, кој постигна три тројки во последната минута, стигна до голем „брејк“ и водство во финалната серија. 

Индијана беше предводена од Тајрис Халибартон со 31 поен и 11 асистенции и Арон Насмит исто така беше фантастичен со 30 постигнати поени.

Џејлен Брансон беше најпрецизен во таборот на Њујорк со 43 поени, а Карл-Ентони Барансон имаше 35 поени и 12 скока. Вториот натпревар се игра во петок навечер, а домаќин повторно ќе биде Њујорк.