• Мартин Танасковски
Небојша Човиќ официјално е нов претседател на Кошаркарската федерација на Србија, а познат е и тимот кој ќе му биде меѓу најблиските соработници.
Тимот на Човиќ ќе го сочинуваат четворица потпретседатели: Ана Јоковиќ за женска кошарка, Ненад Крстиќ за машка кошарка, Дарко Јовичиќ за натпреварување и Филип Сунтурлиќ за финансии и маркетинг.
Јоковиќ е потпретседател на КСС од 2011 година, познатиот репрезентативец Крстиќ веќе беше потпретседател од 2019 до 2022 година, додека Јовичиќ е претседател на КЛС од 2010 година и долгогодишен прв човек на кошаркарскиот клуб Тамиш.
Човиќ соработуваше со Сунтурлиќ во Звезда од 2011 до 2022 година - Сунтурлиќ беше маркетинг директор, а потоа и генерален директор. За да дојде на функцијта прв човек на српската кошарка, Човиќ си поднесе оставка во КК Црвена Звезда.