Чочороски: АВ Охрид ќе биде конкурентет прволигаш!

Кошарката во Охрид по неколку години пауза откако згасна АМАК СП, се враќа на голема врата преку новоформираниот клуб АВ Охрид, кој во својата прва сезона од постоњето, на доминантен начин само со еден пораз ја освои Втората лига. Тренерот на клубот Петар Чочороски ни откри дека амбициите со влезот помеѓу прволигашите пораснале и истакна деека ќе бидат и тоа како конкурентен тим.

„Најбитно е тоа што работите во клубот добро се поставени, имаме солиден буџет и организациски добро функционираме. Сигурно дека ќе бидеме конкурентен прволигаш, за таа цел го задржавме костурот на тимот од претходната сезона, а ќа има и нови играчи. Во завршни преговори сме со два млади талентирани кошаркари, родени 1997 година, како и со неколку странци за кои што не сакам да говорам додека не се финализираат преговорите“, изјави Чочороски.

Од клубот истакнуваат дека освен првата екипа, посебен акцент ќе биде ставено на младинските категории и развојот на млади кошаркари.