• Горан Упале
Екипата на Пелистер на гостински терен ја започнува полуфиналната серија во кошаркарскиот плеј-оф на Македонија. Противник на „зелено-белите“ ќе биде најтрофејниот Работнички, а битолчани на првиот дуел во Скопје нема да бидат сами.
Навивачката група „Чкембари“ најави масовно присуство во „Кале“.
„После супериорното издание во Охрид и моќта прикажана директно од трибината, ова сабота одиме кон нов поход, овој пат заедно со кошаркарскиот колектив.
Од овој момент нека започнe мобилизацијата, битолската екипа спремна за „десант“ на Скопје. Нашето присуство нека биде „ветар во грб“ и чувство дека не си сам во ова битка, заедно одиме кон уште едно историско финале и напад на долгоочекуваната титула“, најави битолската навивачка група.
Првата средба меѓу Работнички и Пелистер се игра в сабота со почеток од 18:00 часот.