Чикаго му верува на тренерот, нов договор за искусниот Били Донован

Управата на Чикаго Булс реши да му понуди нов договор на тренерот Били Донован, кој треба да остане на клупата до крајот на сезоната 2027/28, јавија американските медиуми. 

Донован е поранешен НЦАА шампион со екипата на Флорида и ги тренираше славните Ал Хорфорд и Јоаким Ноа, а потоа беше главна алка во формирањето на пеколното трио на Оклахома - Кевин Дурент, Џејмс Харден и Расел Вестбрук. 

Во 2020 година премина во Чикаго и оттогаш се обидува да создаде конкурентен тим, а управата верува во неговите способности и затоа реши да ја продолжи соработката. 

Познат е како специјалист за „пик-ен-рол“ напади, но важи и за тренер кој секогаш има амбиции да изгради екипа со шампионски „калибар“. За неговите услуи се интересираа и Њујорк Никс, но не добија дозвола за преговори од управата на Чикаго. 

ФОТО/PHOTO: Nba.com/Bulls