• Саше Љолес
Управата на Чикаго Булс се вмеша во трката за потписот на Дејмиен Лилард. Плејмејкерот на Портланд скоро сигурно ќе го смени дресот во новата НБА сезона, а неколку клубови се интересираат за неговите услуги.
Американските медиуми го поврзуваа Лилард со премин во Голден Стејт, потоа и во Милвоки Бакс, но сега и Чикаго Булс се вклучува во оваа трка и ќе се обиде да го донесе во своите редови. Иако играчот изјавуваше дека би сакал да продолжи во Мајами, сепак, не секогаш желбите се остваруваат. „Биковите“ наводно понудиле „трејд“ од тројца кошаркари, во кој би бил вклучен и трансферот на Лилард, но уште не се познати останатите двајца кои би заминале во спротивен правец.
Ситуацијата е малку комплицирана, зашто Лилард има уште три години од договорот со Портланд, па останува да видиме каков ќе биде расплетот. Едно е сигурно, феноменалниот плејмејкер не сака повеќе да игра за актуелниот тим, а дали токму Чикаго ќе биде негова следна дестинација, останува да видиме.