Чикаго Булс има една голема желба, го враќа Дерик Роуз?

Екипата на Чикаго Булс бара нов плејмејкер и сериозно размислува да го врати поранешниот член Дерик Роуз.

Најмладиот МВП во историјата на НБА-лигата може да се врати во родниот град по петгодишна пауза. 32-годишниот кошаркар е дел од Њујорк Никс од 2021 година, а токму во Чикаго ја почна професионалната авантура во најквалитетната светска кошаркарска лига и се етаблираше на мапата.

Покрај за Њујорк Никс и Чикаго Булс, Дерик Роуз играше и за Детроит Пистонс, Минесота Тимбервулвс и Кливленд Кавалирс. Во последната сезона, Роуз во просек забележа 18,5 поени, 3,3 скока и 5,5 асистенции по меч.

Роуз беше избран како прв пик на НБА-драфтот во 2008 година.