Чез Вилијамс по две години ја напушти Македонија, ќе игра во Франција

Американскиот плејмејкер Чез Вилијамс заврши со Кожув и во следната полусезона ќе има нов клуб.

30-годишниот Вилијамс беше во Македонија од 2022 година. Покрај за Кожув настапуваше и за Пелистер, а остави добри импресии во мак-баскетот со своите квалитетни партии.

Сепак, реши да ја напушти нашата земја. Следна станица ќе му биде Франција, каде ќе го носи дресот на Екс Мориен Савоа, тим кој се натпреварува во ЛНБ Про Б лигата, или второлигашката конкуренција во земјата.

Со овој ангажман Вилијамс ја продолжува авантурата во европската кошарка. Претходно играше на Исланд, па во Финска, Швајцарија, Турција, Полска...