• Горан Упале
Четвртото коло од Првата лига во женска сениорска конкуренција носи реприза на ланското финале во плеј-офот, односно првиот дуел во сезоната помеѓу екипите на Баскет Кам и Вардар.
Актуелниот првак засега турка според планот, забележа три победи во три одиграни натпревари, и е во некоја предност во однос на противникот, кој во минатото коло загуби на домашен терен од екипата на Крива Паланка.
Овој натпревар е закажан за сабота, од 12:00 часот, а ќе се игра во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.
Сепак, овој круг од натпреварите ќе биде отворен утре попладне, односно во 15.30 часот, кога на теренот во салата „Независна Македонија“ ќе истрчаат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и кавадаречки Пробаскет.
На истото место, но во друг термин, во сабота, од 16:00 часот, пак ќе играат екипите на Бадел 1862 и Патриот 2016 од Делчево.