ВИДЕО: Четвртина за историја на Јокиќ, Денвер остана „жив“ во плејофот

Денвер Нагетс успеа да слави во петтиот натпревар против Јута (117-107) и остана во игра за пласман во наредната фаза од плеј-офот во НБА-лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Со победата Денвер намали на 3-2 во плеј-офот и остана „жив“. Никола Јокиќ и Џамал Мареј имаа неверојатен натпревар и на својот тим му ја донесоа посакуваната победа во Орландо. Воведните 12 минути од натпреварот беа во знакот на Јокиќ и тоа беше најдобар период откако играчот е во НБА.

  • Првата четвртина во која Јокиќ доминираше:

Јокиќ имаше прва четвртина за паметење во која постигна 21 поен, а ги погоди сите осум шута од поле и имаше 100% реализација. Јута потоа се врати, но Денвер кон посакуваниот триумф го вивна Џамал Мареј кој експлодира во второто полувреме и постигна 33 од вкупно 42 поени на средбата.

Мареј беше прв стрелец на листата со 42 поени, 8 скока и 8 асистенции, а го следеше Никола Јокиќ со вкупно 31 постигнат поен. Михаел Портер беше трето име во Денвер со 15 поени. Кај Јута, најдобриот играч Донован Митчел заврши со 30 поени, а Руди Гоберт имаше „дабл-дабл“ од 11 поени и 12 скока.

Следниот натпревар меѓу Денвер и Јута, шести во серијата, е закажан на 27 август.