Четврти пораз на Македонија за крај на шампионатот во Бугарија

Македонија

Младата женска репрезентација до 18 години запиша висок пораз во дуелот со Хрватска (43-96) на Европското првенство - Дивизија Б кое се одржува во Бугарија.

Ова беше четврти пораз за нашиот национален тим на континенталниот собир. Денешниот меч одново донесе разочарувачка игра на кошаркарите, кои го загубија мечот по само десет минути. Хрватките беа немилосрдни и го наполнија кошот на Македонија, која стартуваше само со три поени во воведната четвртина.

Како што одминуваше времето, предноста на хрватската репрезентација се зголемуваше. Најизедначен беше последниот период, во кој Хрватска постигна само два поени повеќе од македонската екипа.

Лиле Миткова со 11 и Михаела Алексовска со 10 поени беа најдобри во редовите на Македонија. Ова беше последен меч за нашиот тим на шампионатот.