Четири земји ќе дозволат навивачи на евролигашките натпревари

Новата сезона во Евролигата се очекува да започне на први октомври. Одлуката е конечна и ќе се промени само ако има некакви драстични промени и препораки од Меѓународната здравствена организација.

Лигата ќе им овозможи на некои екипи да дозволат навивачи на трибините. Тоа ќе мора да го направат во согласност со правилата и протоколите на надлежните органи во нивните држави.

Според последните иформации, натпреварите кои ќе се одиграат во Русија, Литванија, Италија и Франција ќе бидат проследени со публика. Русите и Литванците дозволуваат половина сала полна со навивачи, а со поголема ограниченост ќе се соочат француските и италијанските клубови.

Држави кои не дозволуваат никакво присуство на навивачи се Србија, Турција, Израел, Шпанија, Германија и Грција.