Четири играчи на Хјустон во изолација, ги пропуштаат Портланд и Денвер

Екипата на Хјустон Рокетс се соочува со мал проблем на стартот на сезоната во НБА-лигата, затоа што тренерот нема да може да смета на четворица кошаркари кои ќе бидат отсустни поради изолација.

„Д Атлетик“ пишува дека Џон Вол, Ерик Гордон, Мејсон Џонс и Демаркус Казинс нема да бидат во комбинација за настап. Не се позитивни на ковид-19, но биле во контакт со лице кое е позитивно на вирусот и ќе мора да одат надвор од екипата.

Поради проблемите, тие ќе ги пропуштат дуелите со Портланд и Денвер. Носител на играта на Хјустон ќе биде Џејмс Харден.