Чешка во финишот ја скрши Полска и ќе ја предизвика Србија за петтото место

Селекцијата на Чешка ќе биде противникот на Србија во борбата за петтото место на Мундобаскетот во Кина, откако во соседното дерби против Полска славеше со сигурни 84-94. 

Борбената и атрактивната игра ги красеше двете селекции во текот на сите 40 минути, а неизвесноста и возбудувањата беа активни до самиот крај, кога Чешка одигра поквалитетно и обезбеди заслужена победа од десет поени разлика.

  • Извештај од натпреварот: 

Почетните минути минаа во знакот на полските кошаркари, кои подобро отворија имаа позитива од девет поени, но следуваше нивни пад и Чешка се избори за егал по првиот квартал (23-23). 

Речиси идентичен беше патот и на вторите десет минути. Полска пак го презеде водството, стигна до +6, но без резултат, затоа што противникот влезе организирано во финишот и се одлепи на +8 на полувреме (35-43).

По паузата Чешка презеде сè во свои раце, Хрубан и Саторански влегоа во серија и донесоа сигурна позитива на својата селекција, која не ја испушти до самиот крај за конечна победа од 84-94.

Хрубан со 24 и Саторански со 22 поени беа најрасположени во победничкиот табор, а кај Полска најпрецизен беше Вачински со 22 поени.