Чешка прва жртва на Американците, „дрим-тимот“ запиша очекувана победа

Главниот фаворит за златниот медал и бранителот на најсјајното одличје од пред пет години, селекцијата на Соединетите Американски Држави со лесна победа над Чешка од 88-67 го започна Мундобаскетот во Кина.

  • Извештај од натпреварот: 

Избраниците на Грег Попович не блескаа во првите две четвртини, но по одморот покажаа авторитет и инвидуална класа и ги запишаа првите бодови на шампионатот. Без Јан Весели, цел терет на играта кај дебитантот Чешка падна на Саторански. Плејмејкерот беше нерешлива енигма за „дрим-тимот“ и колку можеше парираше.

Иако заостануваа во почетните минути од мечот, американските ѕвезди направија пресврт и веќе до полувреме стигнаа до двоцифрена предност. На крај успеаја да ги добијат сите четвртини и сигурно да ја започнат одбраната на титулата.

Најефикасни поединци во таборот на светскиот првак беа Мичел со 16 и Барнс со 14 поени, а кај Чешка споменатиот Саторански натпреварот го заврши со 17 поени.

Поранешните европски шампиони Франција и Германија се сретнаа во рамките на групата. По фуриозните 14-0 на почетокот, Французите во ниту еден момент не ја испуштија предноста и впишаа победа од 78-74. Расположениот Еван Форние беше најдобар поединец во победничкиот табор со 26, а го следеше Мбаје со 21 поен.

  • Франција - Германија: 

Воигтман со 25 и Шредер со 23 поени беа најпозитивни во бундес-тимот.