Чешка ја декласира Грција и го зазеде последното место на ОИ во Токио!

Кошаркарите на Чешка ја декласираа Грција во финалето на квалификацискиот турнир за пласман во Канада, со триумф од 97-72. Со тоа, Чесите го зазедоа последното место на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри, откако на патот го добија и домаќинот Канада. 

Уште на стартот Чешка наметна темпо и поведе двоцифрено, но Грците успеаја да се одржат во игра. Целосен колапс се случи во третата четвртина кога предноста драстично се зголеми. Во завршните десет минути сè беше решено, Чешка поведе и со највисоки +32 и јасно беше дека ќе патува за Токио. 

Најдобар поединец на средбата беше Патрик Ауда од Чешка со 20 поени, додека го следеа Весели со 16 и Бохачик со 15 поени. Кај Грција најпрецизен беше Папаџианис со 14 поени, колку што имаше и Балвин.