„Челичниот човек“ го пропушти првиот меч во НБА по 2015 година

НБА-лигата носи многу натпревари, тежок ритам на игра, а ретко кој може да издржи да игра константно. Но, еден играч, се до вчера, беше на теренот пет години во низа.

Австралиецот Џо Инглс кој игра за екипата на Јута Џез немаше пропуштено натпревар во најквалитетната светска лига од 2015 година. Токму затоа го понесе прекарот „Челичниот човек“.

Инглс одигра 418 натпревари по ред и од актуелните играчи тој ја имаше најдолгата серија. Но, не настапи против Милвоки Бакс, па така дојде крајот на импресивната низа.

Последниот натпревар кој тој го пропушти пред овој, последниот, беше на 16 декември 2015 година против Њу Орлеанс.