Чеди Осман гостин на четвртиот камп на Богдан Богдановиќ

Младиот турски репрезентативец, роден во Охрид, Чеди Осман ќе биде дел од четвртиот кошаркарски камп на Богдан Богдановиќ. Српскиот кошаркар го најави четвртиот по ред турнир на белградски Калемегдан, овој пат онлајн, заради пандемијата од ковид-19.

Во живо на социјалните медиуми, секој ден ќе се презентира по една тема од втори до четврти јули. Покрај Осман, дел од кампот ќе бидат и Никола Вучевиќ, браќата Адетокумбо, Соња Васиќ Петровиќ, Александар Матовиќ, Жељко Обрадовиќ и Игор Кокошков.

Џеди Осман е роден во Охрид и настапува за екипите на Турција и НБА екипата Кливленд Кавалирс.