Чави Пасквал ја „откачи“ Барселона и потпиша договор со АБА шампионот!

Чави Пасквал повеќе не е тренер на Барселона, откако шпанскиот кошаркарски стручњак ја искористи клаузулата за предвремен раскин на договорот и стави крај на вториот престој на клупата на каталонскиот гигант.

Барселона потврди дека Пасквал заминува и покрај тоа што имаше договор до летото 2028 година. Заедно со него клубот го напушта и неговиот прв асистент Ињиго Зорзано.

Со овој потег се стави крај на повеќемесечните шпекулации околу неговата иднина. Искусниот стратег ја прифати понудата од Дубаи, клуб кој минатата сезона ја освои титулата во АБА лигата. Новиот клуб веќе објави дека со Пасквал потпишал договор со важност до 2029 година.

Во меѓувреме, раководството на Барселона е во потрага по нов шеф на стручниот штаб. Меѓу главните кандидати се Александер Секулиќ и Паоло Галбијати, но словенечкиот тренер во моментов има поголеми шанси да ја добие функцијата, бидејќи ангажманот на Галбијати би барал значително поголема отштета поради неговиот важечки договор со Басконија.