Чаирчани лесно се справија со Тиквеш и се одржаа на врвот

Кошаркарите на Чаир 2030 се радуваа на домашниот меч со Тиквеш (79-70) во рамките на осмото коло на Првата македонска лига. Домаќинот ја искористи поддршката од трибините и ја оправда фаворитската улога во салата „Шабан Трстена“ во истоимената скопска населба. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и Тиквеш: 

Уште од стартот чаирчани се наметнаа, веднаш изградија предност и стигнаа над двоцифрената маргина. Ова водство дополнително порасна до полувремето, достигна огромни 25 разлика (45-20), а потоа на одмор се замина со 45-25. Кавадарчани немаа сили да парираат, бркаа убедливо водство во третиот период. 

Во четвртата четвртина Чаир како да се опушти, па Тиквеш знаеше да искористи. Предноста се преполови, за на крајот да се заврши средбата со пристојни девет разлика. 

Најефикасен играч на мечот беше Квари од Тиквеш со 24 поени, додека кај Чаир се истакнаа Ролинс со 20, Кирк со 19 и Кели со 18 поени.