Чаир со Американец од косовски Пеќ го затвори ростерот

Екипата на Чаир 2030 донесе ново име во своите редови и потпиша договор со Американец кој доаѓа како последно засилување, со кое се затвора ростерот за сезоната во мак-баскетот.

Џакуес Јоу, Американец кој настапува на позицијата крило, доаѓа во македонскиот фудбалски прволигаш. Доаѓа од редовите на косовски Пеќ, за кого одигра 21 натпревар сезонава, а беше дел и од квалификациите за Европа Купот на ФИБА.

Во просек, Јоу оствари 9,5 поени по натпревар, со уште 4,8 скока и 1,1 асистенција. Останатите клубови на Американецот се на домашната сцена, каде во САД играше за Коули Колеџ, Хатчинсон, Гленвил Стејт и Лајмстоун.