Чаир не виде мака на гостувањето кај „фенерџијата“ Охрид

Екипата на Чаир 2030 славеше со 64-74 на гостувањето кај ГКК Охрид во рамките на 11. коло од Првата македонска лига и заслужено стигна до седмиот сезонски триумф. 

Гостите уште во првото полувреме најавија дека се дојдени по нови бодови и уште по првото полувреме беше јасно дека ќе бидат многу поблизу до победата. Чаирчани одиграа далеку подобро во првите две четвртини и на паузата имаа водство од седум поени (30-37).

Второто полувреме донесе нова доминација на гостите од Скопје и предност веќе од 15 поени разлика. Сепак, во финалните десет минути Охрид беше за нијанса поефикасен и на крај загуби со десет разлика (64-74).

  • Комплетниот натпревар меѓу Охрид и Чаир 2030:

Корберт со 22 поени и неверојатни 18 скока беше најдобар поединец кај Чаир 2030, додека за домашниот тим се истакна Бернард со 28 поени, четири скока и шест асистенции.