• Мартин Танасковски

Екипата на Чаир 2030 тргна успешно во втората полусезона од македонскиот кошаркарски шампионат, со домашна победа над Феникс 2010 (85-82) по голема борба во финишот и драма.
Домашниот тим имаше контрола на резултатот скоро цела средба, во еден момент водеше и со 10 поени разлика (40-30), но во последните десет минути му дозволи на Феникс да се врати. Мечот се одлучи кога при 82-82, Мофит погоди под фаул и реализира слободно фрлање, па Феникс промаши шут за три за продолжение.
Токму Мофит беше најдобар стрелец на мечот со 32 поени, пред Кели кој постигна 14, а Ален имаше 12 поени кај Чаир. Кај Феникс, пак, Бертранд постигна 20, а капитенот Митревски уфрли уште 18 поени.
- Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и Феникс 2010:
Чаир има скор 8-5 и се наоѓа на четвртото место на табелата, додека Феникс со скор 4-9 е на деветтото место.