• Саше Љолес

Кошаркарите на ТФТ Скопје го совладаа Чаир 2030 во вториот натпревар од плеј-оф серијата во Првата македонска лига со конечен резултат 72-66 и сега се на само еден триумф од пласман во полуфиналето.
- Комплетниот натпревар помеѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030:
Избраниците на Боро Смилковски одиграа подобро во првото полувреме и на паузата имаа предност од 13 поени (42-29), но чаирчани возвратија во третата четвртина и успеаја да влезат во последните десет минути со само четири поени негатива.
Последната четвртина понуди тврда игра на двете страни, Чаир се обидуваше комплетно да се врати во мечот, намали на само -3, а потоа и поведе со еден поен разлика, но ТФТ не дозволи непријатно изненадување за своите навивачи и на крајот извојува втор триумф над ривалот, овој пат со конечни 72-66. Клучни за триумфот беа петнаесетте загубени топки на чаирчани, а на спротивната страна домаќинот успеа да ги казни сите грешки.
Најдобар поединец во победничкиот тим беше Закари Браун со 19 поени, додека на спротивната страна Диванте Мофит имаше еден поен повеќе. Третиот натпревар од оваа серија ќе се одигра на 30 април.