• Иван Димовски

Кошаркарите на Чаир 2030 забележаа трета сезонска победа на гостувањето кај Феникс 2010 (71-81) во деветтото коло на Суперлигата. Ова беше враќање на Феникс во својот дом во реновираната спортска сала во училиштето „Наум Наумовски Борче“ во скопската населба Маџари, но гостите го уништија кам-бекот.
- Комплетниот натпревар меѓу Феникс 2010 и Чаир 2030:
Гостинската екипа подобро ја отвори скопската пресметка, поведе со 7-15 и делуваше подобро на паркетот. Предноста на чаирчани ја прејде и двоцифрената граница (10-24), а првиот период заврши со 15-24. Во втората четвртина Феникс се приближи на „минус шест“, но потоа повторно гостите беа подобри и на полувреме заминаа со 33-46.
На стартот на продолжението Чаир поведе и со највисоките 33-50, па пак имаше пад на концентрацијата. Се обидоа домашните кошаркари да се вратат, стигнаа до 50-53, а потоа пак паднаа. Слично беше и во последната четвртина. Чаир ги одби налетите на домашните и стигна до важна победа.
Најдобри поединци во победничкиот табор беа Билингсли со 22 и Чатман со 18 поени, додека кај Феникс се истакнаа Ниа и Рахама со по 16.





