Чаир е недораснат за МЗТ, шампионот лесно до тринаесеттиот сезонски триумф

Екипата на МЗТ Скопје немаше никакви проблеми во натпреварот против Чаир 2030 и извојува сигурна победа (86-74) во натпреварот од шеснаесеттото коло во Првата македонска лига. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу МЗТ Скопје и Чаир 2030: 

„Металците“ од населбата Аеродром уште во првото полувреме покажаа дека немаат намера да се шегуваат, постигнаа идентичен број на поени во двете четвртини (26), па така на паузата водеа со огромни 52-31. 

Слична беше сликата и во второто полувреме, Васко Атанасов ротираше, а неговите пулени погодуваа од сите страни и само рутински ја одработија задачата, на крајот триумфирајќи со конечни 86-74. 

Најефикасен играч кај победниците беше Андреј Магдевски со 14 постигнати поени, додека прво име во тимот на Чаир беше Ајзеа Кели, кој впиша 19 поени зад своето име. МЗТ Скопје останува лидер на табелата и во следното коло ќе патува кај екипата на Гостивар