• Мартин Танасковски
Екипата на Чаир 2030 донесе ново име пред продолжението од сезоната и потпиша договор со Американец.
Нов член на македонскиот прволигаш е Рашад Вилијамс од САД, кој доаѓа од Косово каде го носеше дресот на Сигал Приштина и ја имаше првата европска авантура.
Последен клуб во НЦАА-лигата му беше на Универзитетот Арканзас, со солидни 17,7 поени, 1,9 скока и 3 асистенции по натпревар.
Чаир 2030 во македонскиот шампионат продолжува против Феникс, а се наоѓа на седмото место на табелата.