• Горан Упале
Кошаркарите на ТФТ го одбранија домашниот терен и за првпат поведоа во четвртфиналето о плеј-офот против Чаир 2030 (76-65). Чаирчани по триумфот во првото соочување и водството во оваа серија, одново немаа сили за надигрување со разиграните момци на Смилковски и сега се во позиција да не смеат да си дозволат нов пораз, доколку сакаат да обезбедат историски пласман во полуфиналето.
Кошаркарите од Тафталиџе отворија помотивирано и уште во првата четвртина се изборија за висока предност од осум поени разлика (26-18). Во вторите десет минути, Чаир 2030 беше за нијанса поквалитетен и ја намали негативата на пет поени, но следуваше моќна трета четвртина на ТФТ, која беше одлучувачка за високата победа од единаесет поени разлика. Последниот квартал мина во нешто подобра игра на гостите, но тоа не беше доволно за избегнување на пораз.
- Комплетниот натпревар меѓу ТФТ Mozzart и Чаир 2030:
Вирц со 13 и Хортон со 12 поени беа најпрецизни кај победничкиот табор, додека за Чаир 2030 се истакна Галовеј со 23 поени и пет скока.