• Зоран Мишевски
Кошаркарите на Реал Мадрид го доби финалето на Евролигата против Олимпијакос (79-78), по што единаесетти пат го крена европскиот трофеј. Во драматичното финале „кралевите“ се радуваа по тешката двојка на Серхио Љуљ на три секунди до крајот. По натпреварот, искусниот Серхио Родригез имаше само пофални зборови за капитенот.
„Ова беа неверојатни две недели за сите нас. Горд сум на себе, но и на соиграчите, на тимот. Не само на освоениот „фајнал-фор“, туку и на целиот процес, секојдневната работа и вербата во успехот.
Кога го имате Љуљ во екипата, знаете дека вакви нешта се можни. Среќен сум што се вратив и што повторно играм заедно со него во екипата. Валтер Таварес е најдоминантен кошаркар во Европа, без разлика што нема замена и игра повеќе од што реално е предвидено“, рече Серхио Родригез.
Иако во „Жалгирио Арена“ доминираа грчките навивачи, на крајот Шпанците беа посреќни и прославија нов трофеј.