Центарот Жарко Ракочевиќ го напушти Куманово

Српскиот центар Жарко Ракочевиќ од денес не е повеќе дел од тимот на Куманово, откако самиот реши да си замине во најчувствителниот дел од сезоната.

Иако тренерот Србиновски се обидел да го разубеди, сепак Ракочевиќ бил упорен да го смени клубот и со тоа го остави тимот од Куманово без решение за центарската пзоиција. 

Преодниот рок е завршен, па клубот не може да биде доведен нов кошаркар. Куманово итно ќе се обиде да најде некое преодно решение до јуни, но нема да биде лесно, со оглед да тоа што сите квалитетни кошаркари веќе имаат свој клуб.