• Иван Димовски
Мозес Рајт пред два дена беше хоспитализиран поради респираторна инфекција, а по сè изгледа дека ситуацијата не е наивна.
25-годишниот центар го очекува пауза од кошарката од барем неколку месеци. Докторите му одредија дека првонајавената најава од само 15 дена е премала. Сега информациите велат дека Рајт ќе мора да паузира барем три месеци, а тоа ќе биде удар за Олимпијакос кој среде сезона останува без една од опциите.
Рајт сезонава во Олимпијакос беше главно резервист, во Евролигата има скромен просек од 4,7 поени и 2,4 бода, додека во првенството на Грција играше повеќе и просечно уфрлаше 11,7 поени и фаќаше 4,8 скока.