Центарот на Макаби наместо во Партизан потпиша за Баерн

Партизан требаше само да го официјализира договорот со Џејлен Рејнолдс, центар кој минатата сезона играше за Макаби Тел Авив. Сепак, во последен момент дојде до пресврт.

Според турски извори, Американецот беше преговори со „црно-белите“ и требаше да потпише едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Сепак, еден повик на Андреа Тринкиери го однесе центарот во Баерн.

Рејнолдс го напушти клубот од Тел Авив и сакаше да ја продолжи кариерата во клуб од Евролигата. Џејлен Рејнолдс има 27 години и висок е 208 сантиметри. Минатата сезона во просек остваруваше 5,7 поени и 5,3 скока по натпревар во Евролигата. Пред Макаби, Рејнолдс играше за Зенит, Барселона, Реџина, Реканати и во Кина.