Цела прва петорка двоцифрена, деби гостинска радост за Маџари!

Екипата на Маџари оствари уште една победа во Суперлигата на Македонија. По првенецот на домашен терен, тимот славеше и на гости за првпат, откако триумфира во соочувањето со Кожув (79-84) на теренот во Гевгелија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Кожув и Маџари:

Гостинската екипа покажа одлична тимска хемија, а доказ за тоа е дека сите играчи од првата петорка на тимот на Тодоровиќ беа со двоцифрен учинок. Првиот удар за победата, можеби и главен, Маџари го направи пред крајот на првиот дел, кога од 33-35, замина на пауза со предност од 33-48.

Добрата игра продолжи и во третиот квартал, кога тимот од Скопје поведе со највисоки плус 24 поени (42-66). Следеше опуштање, Кожув во финишот спушти само на шест негатива, но Маџари не дозволи да го загуби овој дуел кој го имаше во џеб.

Ивица Димчевски беше најдобар на теренот со 18 поени, пред Џејвон Грин со 16 поени, додека Амар Хот имаше 14 постигнати поени. Со по 13 постигнати поени завршија Алек Петкоски и Крис Лафајет.

Кај Кожув, двајца се истакнаа поентерски, тоа беа Декариус Николас со 29 поени и Родни Парвис со 24 постигнати поени. Маџари има скор 2-4 во Првата лига, додека Кожув е на скор 3-3.