Цела петорка двоцифрена, Чаир преку Гостивар „скокна“ до третото место

Кошаркарите на Чаир 2030 славеа над Гостивар со 89-78 во натпреварот од 18. коло во Првата македонска лига. Домашниот состав имаше повеќе од играта и сосема заслужено го впиша тринаесеттиот сезонски триумф во елитната домашна кошарка. Со цела една петорка со двоцифрен број на поени невозможно беше да се загуби во салата „Шабан Трстена“.

  • Комплетниот натпревар помеѓу Чаир 2030 и Гостивар:

Мечот започна со малку подобра игра на гостиварчани, но Чаир успеа да го возврати ударот во втората четвртина и на полувремето водеше со 45-42. Во сличен ритам домаќините продолжија и на стартот од второто полувреме и успеаја да ја создадат првата двоцифрена предност (55-44). 

Слична беше сликата и во последниот период, Гостивар се обидуваше да се врати во неизвесна завршница, но чаирчани ја одржуваа предноста и имаа предност од осум поени на седум минути до крајот (71-63). Следеа „црни“ две минути на чаирчани и тимот на Давитков се доближи на 75-71 на четири минути до крајот. Сепак, следуваше серија поени на Какруки и Галовеј и со 12-2 во неполни три минути Чаир 2030 ги реши дилемите околу победникот. Тимот на Рамадан без драма го доби финишот со 89-78 и остана во трката за врвот,

Кај Чаир 2030 се истакнаа Какруки со 20, Роби со 16, и Галовеј и Далгер со по 15 поени. Во тимот на Гостивар најефикасни беа Вилијамс со 36 и Инграм со 20 поени. Со оваа победа Чаир 2030 скокна до третото место со скор 13-6, а Гостивар остана деветти со биланс 5-13.