• Зоран Мишевски

Асот на белградски Партизан, Данте Ексум со феноменално забивање ја одбележа победата против Олимпијакос, а натпреварот нема да се памети само по триумфот и тој потег, туку и поради тоа што неговиот татко првпат беше во арената во Белград.
Ексум сениор се вика Сесил, има 60 години и исто така бил кошаркар, а во студентските денови на колеџот во Северна Каролина бил соиграч со Мајкл Џордан.
Данте изведе мајсторија, заби преку цела одбрана на најдобрата екипа во Евролигата, а гледачите се држеа за глава од потегот на една од ѕвездите на Обрадовиќ.
- Забивањето на Егзум против Олимпијакос:
На четири кола до крајот на регуларниот дел на сезоната, Партизан е многу блиску до место во четвртфиналето.