Цедевита со освојувачот на Еврокупот ќе ги руши Црвена Звезда и Партизан

Кошаркарската АБА лига изгледа дека добива ново звучно тренерско име. Се работи за Црногорецот Звездан Митровиќ, кој пристигнува во Цедевита Олимпија и ќе има задача сериозно да им парира на најголемите фаворити, Партизан и Црвена Звезда

Митровиќ е искусно име кое работеше во повеќе големи клубови, а најголем успех во кариерата му е освоениот трофеј во Еврокупот со екипата на Монако. Потоа беше тренер и на Асвел, а изминатата сезона го предводеше турскиот Галатасарај

54-годишниот Црногорец во два наврата беше селектор на родната земја, а тренерската кариера ја започна во домашниот гигант, Будуќност од Подгорица. Управата на Цедевита има големи планови и амбиции за следната сезона, па се надева дека тимот ќе може да им биде голема конкуренција на големите гиганти од Србија