Цедевита се сели од Загреб и ќе игра во Вараждин?

Хрватскиот кошаркарски шампионат е пред самиот крај, а истиот може да биде последен за тимот на Цедевита во главниот хрватски град. Стандардниот учесник во АБА лигата во Загреб бележеше одлични успеси и резултати, но не успеа да ја привлече публиката, па затоа раководството размислува за преселба во некој друг град. 

Како прва опција се споменува Вараждин, кој важи за еден од најспортските хрватски градови. Според најавите од клубот, кошаркарите во Вараждин ќе бидат далеку повеќе ценети, а трибините се очекува да бидат полни скоро на секој натпревар. 

Според тамошните медиуми веќе се започнати преговори меѓу градоначалникот на Вараждин и раководството на Цедевита и за краток период оваа идеја може да стане реалност.