Цедевита Олимпија побара, Ц. Звезда прифати одложување на АБА-мечот

Пресметката од третото коло на АБА лигата меѓу Цедевита Олимпија и Црвена Звезда нема да се одигра според планот. 

Дуелот кој беше закажан за денес во 17:00 часот е одложен, по барање на домаќинот. Имено, Цедевита Олимпија се мачи со здравствени проблеми. Голем дел од играчите се болни, па поради тоа побараа одложување на средбата. 

Од АБА и Црвена Звезда излегоа во пресрет и прифатија ваква одлука, па во наредниот период се очекува нов термин за оваа пресметка.