• Иван Димовски

Кошаркарите на Црвена Звезда прокнижија нова победа во рамките на АБА лигата, откако на свој паркет ја совладаа Цедевита Олимпија со 100-95. Средбата во салата „Александар Николиќ“ понуди изедначен прв дел, потоа доминантна игра на домашните и на крајот драма која заврши посреќно за Србите.
Почетокот беше егал, двете екипи се менуваа во водството и се играше кош за кош. Слично темпо понуди и вториот период, па до полувремето ниту еден тим не успеа да се одлепи пред ривалот. На одмор се замина со највисоката позитива од шест поени (55-49), откако Лука Вилдоза даде тројка од сопствената половина.
Звезда отвори фуриозно по паузата, со добра серија се одлепи пред ривалот и во третиот период достигна максимална предност од 17 поени. Словенечката екипа не се откажа, продолжи да се бори и ја стопи негативата, па во пресрет на финишот пријде на 95-91. Домашните со тројка и двојка пак дојдоа на девет поени, па ги испраќаа ривалите на линијата за слободни и го добија натпреварот.
Јоги Ферел од Цедевита Олимпија беше најефикасен на мечот со 24 поени, додека Факундо Кампацо кај Звезда се истакна со 19.