Цедевита Олимпија ја потврди доминацијата во словенечката кошарка

Екипата на Цедевита Олимпија е старо-нов шампион на Словенија, откако славеше во финалната серија против Крка со конечни 3-1, а до трофејот дојде по четвртиот натпревар кој го доби со резултат 72-65. 

Најважните словенечки медиуми ја впишаа како 22. титула во историјата, иако тимот настапува под името Цедевита Олимпија, а овој правен ентитет е создаден во 2019 година. И во тој случај, учинокот навистина е импресивен, затоа што ова е петтата титула во низа. 

Воедно, клубот постави незамисливи стандарди за домашни рамки и впиша вкупно 13 победи во финалните серии на првенството и Купот. 

МВП на финалето беше Алексеј Николиќ, придонесе со 14 поени на последниот меч, а исто така постигна клучна тројка во моментот кога Крка се доближи на само три разлика (63-66).