Цедевита Олимпија доведе плејмејкер со НБА искуство

Американецот Јоги Ферел е ново засилување на Цедевита Олимпија

Клубот од Љубљана го потврди трансферот на кошаркарот кој има завидно НБА искуство, а доаѓа од редовите на Панатинаикос. Ферел игра на позицијата плејмејкер, оваа есен пристигна во Грција за да се бори во Евролигата, но не се снајде. 

Во минатото Ферел има настапи на 259 натпревари во најсилната НБА лига, а на нив бележеше просек од 7,7 поени и 2,3 асистенции. Настапувајќи за Бруклин Нетс, Далас, Кливленд, Сакраменто и последно Лос Анџелес Клиперс, Ферел собра завидно искуство. 

Цедевита оваа сезона игра на две интернационални натпреварувања. Покрај настапите во АБА лигата, словенечкиот тим е дел од групата Б во Еврокупот.