Цедевита купи нов плејмејкер од Атланта Хокс

Американскиот кошаркар Џон Магет е нов играч на Цедевита Загреб. 29-годишниот Американец минатата сезона играше во НБА лигата во редовите на Атланта, а претстојната ќе ја мина во хрватскиот шампион. 

Магет имаше прилика да игра на европските кошаркарски терени, во холандскиот Цволе, како и во грчкиот Короивос. Минатата година во НБА лигата на 18 меча настапи за Атланта и имаше просечно по два поени.

Со ваквиот потег Цедевита покажува дека годинава е решена да биде поконкурентна во АБА лигата и да игра во финалната серија. Неколку години наназад, шампиони во регионалната конкуренција се српските тимови, со исклучок на последната, кога шампион стана Будуќност.