Цедевита ја одбрани титулата во хрватскиот шампионат

Кошаркарите на Цедевита ја одбранија титулата во хрватскиот кошаркарски шампионат, откако ја победија Цибона со 78-75 во „мајсторката“ од финалетона плеј-офот во кошаркарското првенство на Хрватска.

Со тоа четрвта година по ред Цедевита е шампион на Хрватска, за сметка на Цибона која како никогаш досега беше блиску да се израдува на трофеј.

Најефикасен во таборот на Цедевита беше Рајан Боутрајт со 22 поени, а Миро Билан додаде 12. Кај Цибона Лука Жориќ беше автор на 13 поени.

Цедевита следната сезона ќе игра во Еврокупот, а двете екипи ќе видат дел и од АБА лигата.