Ц. Звезда загуби здив и во десет минути падна пред Жалгирис

Екипата на Црвена Звезда загуби од Жалгирис (75-62) во нов меч со осцилации во рамки на кошаркарската Евролига.

  • Извештај од натпреварот:

Белграѓани во еден момент на гостински терен во Каунас имаше 13 поени предност (22-35), ама Жалгирис потоа се врати. Се беше резултатски во егал се до влезот на последните десет минути, кога гостинот од Србија загуби здив и му дозволи на противникот да слави убедливо.

Григонис со 17 поени беше најефикасен на натпреварот, пред Хајес со 16 поени, додека кај Црвена Звезда, Лојд и Симоновиќ имаа по 16 поени.

Жалгирис е на деветтото место во Евролигата со шанси за плеј-оф, додека Црвена Звезда е претпоследна.