Ц. Звезда загуби добиен меч и испадна од Еврокупот

Екипата на Црвена Звезда останаа без шанси за пласман во наредната фаза на Еврокупот затоа што на гостувањето кај Лимож во Франција во рамки на 5. коло доживеаја драматичен пораз (72-71).

Белграѓани водеа со седум поени на две минути пред крајот, но во последните напади промашуваа, а домаќинот тоа го казнуваше со лесни поени. Францускиот претставник дојде до победата во последните секунди, а Црвена Звезда има зошто да жали, односно за пропуштената шанса да победи и да оди понатаму.

Мајлс и Бутсиеле беа најефикасни кај Лимож со по 13 поени, додека кај Звезда, Ренгалд даде 15 поени, а Барон заврши со 12 поени.