Ц. Звезда во пеколен финиш обезбеди АБА-финале со Будуќност

Српскиот кошаркарски колектив Црвена Звезда е првиот финалист во АБА-лигата откако во „мајсторката“ од полуфиналната серија славеше над Игокеа (76-53) предводена од новиот македонски селектор Драган Бајиќ.

„Црвено-белите“ отворија доминантно, обезбедија висока предност, а откако Игокеа се врати, работата се заврши во десет пеколни минути во четвртиот период. Белграѓани на противникот му дозволија да постигне само два поени во цел квартал, предводени од Давидовац се одлепија на огромна разлика и обезбедија место во мечот за титула.

Најдобар кај стрелците беше Давидовац со 22 поени, пред Лојд со 15 поени, додека кај Игокеа, Клемонс заврши со 15 поени, а Кармихаел реализира 12 поени.

Во финалето на регионалната АБА-лига Црвена Звезда ја чека дерби-пресметка со големиот ривал Будуќност. Шампион ќе биде оној кој прв ќе дојде до три победи. Првиот полуфинален меч се игра на 16 мај.