Ц. Звезда со неуспешна италијанска турнеја, Макаби ја сопре Валенсија

Регионалниот кошаркарски првак Црвена Звезда неуспешно ја заврши италијанската турнеја, со пораз на гостувањето кај Олимпија Милано (68-74) во рамки на 23-тата рунда во Евролигата.

Белграѓани исто како и на претходниот натпревар со Виртус Болоња имаа лошо отворање и се ставија во проблем. Само со првите поени српскиот тим имаше плус на мечот, а сето останато беше во знакот на „манекените“.

Берон со 14 и Хал со 14 поени беа најдобри кај Милано, додека кај српскиот шампион Бентил постигна 17, а Вилдоза заврши со вкупно 11 постигнати поени. 

Валенсија на домашен терен беше поразена од Макаби Тел Авив (93-94) и така ја прекина серијата од пет победи во низа во Евролигата. Израелската гордост на овој меч беше водена од Болдвин со 19 поени, пред Колсон со 17 поени и 12 скока, додека кај „лилјаците“ Харпер даде 20 поени.

Барселона ја одбрани својата сала од Баерн Минхен и славеше со 72-70. Прашањето околу победникот се реши во последниот напад, кога при 70-70 и 20 секунди пред крај реализира Кори Хигинс, а за три на спротивната страна промаши Јарамаз.