Црвена Звезда со наведната глава се враќа од Франција, Олимпијакос во финишот го скрши Макаби

Екипата на Црвена Звезда пропушти голема шанса да продолжи со позитивната серија во Евролигата, откако од гостувањето кај Асвел се враќа со минимален пораз од 77-74. Белградскиот гигант важеше за благ фаворит на овој натпревар, но иако одигра под очекувањата, во финишот испушти предност за победа. Во последната минута од натпреварот се влезе со 73-74 за Црвена Звезда, но домаќинот беше посмирен и попрецизен во клучните моменти и извојува голем триумф. 

Кај победничкиот тим најдобар поединец беше Меладон со 26 поени, додека за српскиот тим се истакна Петрушев со 18 поени и 7 скока. 

Кошаркарите на Олимпијакос во крајно возбудлив натпревар го совладаа МакабиТел Авив во Белград со 94-91. „Црвено-белите“ од Пиреја до посакуваниот успех стигнаа по пресврт во вториот дел и со тоа го забележаа петтиот триумф во низа во Евролигата. .

Кај Олимпијакос се истакна Саша Везенков со 21 поен, четири скока и две асистенции, а го следеше Еван Фурние со 20 поени, четири скока и две асистенции. Кај Макаби се истакна Џејлен Хорд со 20 поени, четири скока и една асистенција, а одличен беше и Леви Рендолф со 15 поени и пет скока.

Кошаркарите на Баерн Минхен ја извојуваа победата на вечерта во Евролигата, откако во германското дерби со убедливи 115-86 славеа над Алба Берлин и со тоа им се вратија на успесите во европската елита. 

Уште се радуваа Анадолу Ефес во Мадрид со 64-74 и Монако во Виторија против Басконија со 75-87.