Ц. Звезда службено го загуби АБА-дербито со Будуќност, ќе плаќа и казни

Управата на АБА лигата одлучи да ја казни Црвена Звезда поради тоа што не се појави за натпреварот од 13 коло во Подгорица, кај Будуќност. Тие одбија да патуваат во Црна Гора, поради „не гарантирана“ безбедност, со оглед на протестите во градот. Санкцијата беше очекувана и најавена, но се чекаше официјална потврда. 

  • Објавата на АБА лигата на Твитер:

Будуќност „службено“ го доби дуелот со 20-0, но плус на тоа Звезда загуби и еден бод. Дополнително Србите ќе мора да платат казна од 20.000 евра на АБА. Финансиска загуба за црвено-белите ќе биде и плаќањето на трошоците за организација на мечот иако требаше да настапат на гости. 

Јадранската компанија беше немилосрдна кон Звезда, а ова може да послужи како порака кон сите кои би помислиле да посегнат кон ист чекор како српската кошаркарска екипа.