Ц. Звезда се налути, по поразот од Партизан одби да ги прими медалите

Екипата на Црвена Звезда во финалето од Купот на Србија загуби од Партизан, а „црвено-белите“ имаа големи замерки на судењето, па одбија да ги примат одличјата за освоеното второ место на „Радивоје Корач“.

Тренерот Томиќ и играчите си заминаа од паркетот и не се вратија таму. Исто така и на прес-конференцијата немаше претставник на Црвена Звезда. По дуелот, во јавноста се обрати првиот човек на тимот, Небојша Човиќ, кој удри по судиите.

Партизан во Куп-финалето успеа да слави со 74-76, поради две слободни фрлања во самиот финиш на средбата.